Градоначалник

  • Коста Маневски е роден на 31.07.1986 година во Скопје, Зелениково. Основно образование завршил во ЦОУ “Марко Цепенков” во Зелениково. Средно образование завршил во Скопје. Студент е на Факултетот за правни науки , Меѓународен Славјански Универзитет.
    Професионалната кариера ја започнува на 18 годишна возраст.

    – [ ] Во 2009 година се вработил во Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија.
    – [ ] Во периодот од 2009 до 2019 година бил ангажиран како соработник во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
    – [ ] Од 2019 година е вработен во посебен орган на државната управа.
    Уште од рана возраст активно се вклучува во градење на политиките за развој на својaта Општина, за подобрување на условите за живот на сите жители , а посебно на младите, со цел подобра иднина и подобар живот за сите , како во својата Општина така и во целата држава.
    Има присуствувано на многу обуки поврзани со професионалниот ангажман како и во областа на лидерството. Има добиени сертификати за успешно завршени Политички академии поврзани со јакнењето на демократијата на локално ниво од Фондацијата Конрад Аденауер, Институт Павел Шатев и други.
    Доделени му се и повеќе благодарници од Претседателот на Република Македонија за особен придонес во подготовка и реализација на “Меѓународна обука за млади лидери”.

    Тој е голем хуманист и подготвен да помогне на секого. На негова иницијатива и со негова помош се спроведени многу хуманитарни и донаторски акции.

    Слободното време го користи за прошетка со семејството и спортски активности. Има голем придонес во организирање на многу спортски и културно-уметнички настани на локално ниво.